РКЕ

Пониска цена на горивата од полноќ

08.08.2022 13:01

Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 2,8 проценти како резултат на пониските цени на светските берзи...

Ново поевтинување на горивата од полноќ. Цените на бензинот од 95 октани и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3,5 денари.

Еуросупер БС-95 ќе се продава за 90 денари, а екстра лесното за 87,5 денари. Бензинот од 98 октани поевтинува за два денара и ќе се продава за 92. Дизелот поевтинува за три денари и од полноќ ќе се продава за 90 денари за литар, а пониска цена добива и мазутот.

Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 2,8 проценти како резултат на пониските цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.