Финансии

Се очекува жестока дебата за најавените даночни реформи

08.08.2022 13:05

За новите оданочувања, првиот финасиер Бесими веќе води дебата со бизнис заедницата и стручната фела. Посочи дека даночната реформа се базира на зголемување на даночната основа, без притоа да се зголемат даночните стапки.

Министерот за финансии најави даночни реформи кои треба да стапат во сила од 1-ви јануари. За новите оданочувања, првиот финасиер Бесими веќе води дебата со бизнис заедницата и стручната фела. Посочи дека даночната реформа се базира на зголемување на даночната основа, без притоа да се зголемат даночните стапки.

Забрзано ќе се спроведува и акцискиот план за сузбивање на неформалната економија, во насока на воведување на неформалниот сектор во формалниот и со тоа дополнително зголемување на базата која подлежи на даноци- вели министерот за финансии.

На брифингот со новинарите што е во тек посочува- целта е да се обезведи стабилно здравство и подобра инфраструктура, а реформата ќе го поддржи растот.

Креаторите на даночната политика очекуваат жешка политичка дебата и во јавните расправи и во Парламентот.