ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерката за култура
Бисера Костадиновска-Стојчевска се обидува да наметне брутална цензура врз македонското бесценето творештво и култура, велат во ВМРО-ДПМНЕ и бараат оставка од министерката. Социјал-демократите пак со свои ставови околу анкетата на нарачана од ВМРО-ДПМНЕ во која опозициската партија е со двоен рејтинг пред владејачката...

Во духот на протоколите кои власта на Ковачевски ги потпиша со Бугарија, скафандер-министерката сака да наметне орвеловски свет во македонската културата. Бисера Костадиновска-Стојчевска се обидува да наметне брутална цензура врз македонското бесценето творештво и култура, велат во ВМРО-ДПМНЕ и бараат оставка од министерката.
Наместо унапредување на областа којашто ја раководи, заштита на македонските интереси преку културата, од министерката гледаме и слушаме јавно погазување, негирање и цензурирање-рече портпаролот Арсовски.
Социјал-демократите пак со свои ставови околу анкетата на нарачана од ВМРО-ДПМНЕ во која опозициската партија е со двоен рејтинг пред владејачката.
Фингирана анкета, велат во СДСМ, која има цел Мицкоски да ја зачува фотељата, бидејќи е уплашен.
Остануваат на констатацијата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против граѓаните, против државните и националните интереси.
Миле Ристески
