„Раката на Господ“ на Паоло Сорентино ќе го отвори „Браќа Манаки“
43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на 19-ти август го отвора филмот „Раката на Господ“ на Паоло Сорентино. Годинава на „Манаки“ неверојатни филмски остварувања од најголемите светски фестивали …
Во четирите натпреварувачки програми ќе се прикажат вкупно 54 филмови, 14 во главната, 12 во кратката, 10 во документарната и 18 во студентскиот репертоар. Директорот на фестивалот смета дека се исполнети сите предуслови за квалитетен фестивал.
„Раката на Господ“ на Паоло Сорентино ќе го отвори фестивалот. По тој повод, во Битола ќе пристигне кинематограферката на филмот Дарија Д’Антонио, а покрај неа и добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Ентони Дод Ментл, најавено е и гостувањето на британскиот снимател Џон Метисон, номиниран за Оскар за „Гладијатор“ и „Фантомот од операта“.
Во главната програма доминираат наслови од Канскиот фестивал, меѓу кои е и годинешниот победник „Триаголник на тагата“, а само третпат досега се вклучени и два домашни филма, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. Освен што ќе има македонска премиера во Битола, „Снежана на крајот умира“ ја доби честа и да го затвори фестивалот.
„Ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Баскет“ на Димитар Банов ќе бидат македонските претставници во селекцијата на краткометражни филмови.
Наташа Јанчиќ Менковски
