Образование

„Отворен ден на УКИМ“ на 19-ти август

08.08.2022 14:38

УКИМ зад себе има богат 73 - годишен пат, исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори на нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми во сите циклуси на студии.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на 19-ти август го организира традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“.

Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10:00 – 12:00 часот и од 12:00 – 14:00 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

УКИМ зад себе има богат 73 - годишен пат, исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори на нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми во сите циклуси на студии.

„Отворениот ден на УКИМ“ нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сѐ што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за  вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности.