Прилеп одбележува 21 година од „Карпалак“
Со поклон и почит пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп се одбележаа 21 година од загинувањето на 10-мината прилепски бранители. Упатени се и пораки да не се заборави, ниту да се повтори...

Со поклон пред споменикот во центарот на градот, Прилеп одбележа 21 година од загинувањето на 10 воени резервисти на Карпалак. Остануваат само сеќавањата, тагата, годишнините, но и чувството и фактот дека бранителите се заборавени од државата, велат од здружението Карпалак.
Карпалак ќе боли засекогаш, но ќе остане вечниот спомен да потсетува на храбрите кои за земјата го дале највредното, својот живот е пораката од градските власти.
Беа посетени и вечните почивалишта на загинатите, се одржа и панихида во прилепската црква Света Петка, а чествувањата почната во прилепската касарна пред спомен обележјето.
Елизабета Митреска
