Втора фаворитска тура на црвеницата
Тенискиот мастерс од серијата 1000 на третата годинешна станица во монденскиот Монте Карло, полека ги претставува на црвеницата сите свои фаворити.
Вчерашниот ден за оние од топ 10-ката беше успешен, единствени кои добро се препотиа беа Цонга со бројот 9 кој одигра три сета со Колшрајбер до трето коло. Не му беше лесно ниту на Бердих со турнирски број 5, кој виде мака со незгодниот Турсунов до прогрес во Монте Карло. Ферер(6) лесно го мина Шарди, додека за 45 минути Ѓоковиќ(2) го збриша Монтанес, на кому му остави само гем за радост.

Денеска на црвената прашина ги гледаме, за добро утро во 10.30, десетиот носител, театралниот Фоњини наспроти не такаа наивниот Баутиста. По нив иако 4-то рангиран во кнежеството, сепак по две годишна пауза од црвеницата во Монте Карло со ваилд карта Федерер, кој ќе истрча во меч со Степанек. Од како ќе одиграат швајцарецот и чехот, на централното игралиште закажан е дуел на светскиот и турнирски број еден Надал со квалификантот Габашвили. Изредени име до име на главниот терен, последен место во третото коло ќе брка третиот на списокот во Монте Карло, Вавринка преку Чилиќ. На распордот за денеска од 10-ката, на дуел и 8-миот Раониќ со Лу.
МРТ собранискиот сервис место за утринско, претпладневно и попладневно тениско уживање, со фаќање на денот во Монте Карло од 10.30 (Фоњини-Баутиста).