Бесими најавува даночни реформи кои треба да стапат во сила од 1-ви јануари
Даночните реформи ќе донесат дополнителни четири милиони евра во државната каса, најави ресорни ресорниот министер Бесими. Ќе се оданочат и каматите на штедните влогови. Бизнис секторот против нови давачки во време на криза…

Со даночните реформи е проектирано државната каса да се набилда со дополнителни 54 милиони евра без придонесите од ДДВ, пресметале креаторите во фискалната политика. Планираат од први јануари да го укинат даночното ослободување по основ на реинвестираната добивка што беше стимул за компаниите. Нови давачки ќе има за договорите на дело, работодавците ќе треба да плаќаат здравствено и пензиско осигурување на хонорарците. Пред новинарите презентираше министерот за финансии Бесими. Со новата даночна политика, ќе се укинат и придонесите за највисоката месечна пресметка на социјалните придонеси, поволностите за доброволниот пензиски фонд. Но во буџетот ќе се слеваат пари од оданочување на каматите на штедните влогови на граѓаните и фирмите
„Ако на пример, имам заштеда од 100 илјади денари во банка со 2% годишна камата, тоа значи би имал годишна добивка од 2 илјади денари годишно. И би платил 10% данок кон државата, а тоа е 200 денари годишно“, вели Бесими.
Сè уште не се знае дали од 1-ви јануари на сила ќе стапи одложениот прогресивен данок. Ќе се одлучува преку јавните дебати, ќе се дебатира со релевантните фактори. А на маса пред нив ќе се најде и пакетот реформи кај данокот на додадена вредност, што да биде поента на реформи, а што не – потврдија од Министерството за финансии. Реформите според Бесими се прават да се обезбеди поголем раст. помало задолжување и поквалитетни јавни услуги. Очекува жешка политичка и јавна дебата за предлог концептот. А бизнисот кој веќе слушна за намерите на државата, кажа дека е против вакви даночни реформи во време на криза, предупреди прво интензивирајте ја борбата со сивата економија, па менувајте ја даночната политика во инклузивен процес, да се слушне и мислењето на оние што ја полнат државната каса
Сузана Фиданска Стоевска
