Тенис

Огромен скок на Калин

08.08.2022 20:52

18-годишниот Калин Ивановски е на 1070-тото место на најновата АТП листа. Македонскиот тенисер направи огромен скок од 334 места меѓу светските тенисери и сега е на рекорден пласман во кариерата...

18-годишниот Калин Ивановски е на 1070-тото место на најновата АТП листа. Македонскиот тенисер направи огромен скок од 334 места меѓу светските тенисери и сега е на рекорден пласман во кариерата. По 14 одиграни турнири, последниот во Котингбрун во Австрија, Ивановски сè уште нема титула, но веќе го наметна својот талент, така што во прашање е само време кога ќе го крене првиот пехар. Се разбира, и да оствари други скокови во рангирањето.