Костенијада
Костенот е извозна култура од која егзистираат голем број семејства

Посебно богат род дава во регионот на Поречието, каде што се наоѓа единствената фабрика за негова преработка и извоз. На годинашната манифестација Костенијада , ресорниот министер најави активности за привлекување странски инвеститори за отворање фабрики за нивна преработка.
Костенот станува стратешка земјоделска култура во Македонски Брод. Годишно тука се произведуваат околу 1.000 тони костени, а од нивната продажба живеат над 200 семејства. Митко Митаноски живее исклучиво од продажбата на костените.
„Јас собирам околу еден тон костени годишно и оваа година костените се навистина квалитетни, добар е родот“, рече Митко Митаноски, производител на костен.
Годинава по 6-ти пат се организираше Костенијада на која присуствуваше и претседателот Ѓорѓе Иванов. Тука беа презентирани традиционални специјалитети подготвени од костен.
„Најмногу костените се извезуваат во поранешните ЈУ републики, “, истакна Милосим Војнески, градоначалник на М. Брод.
Во Брод функционира и единствената фабрика во Македонија за преработка на костени .
„Сега имаме и нови производи. До сега го откупувавме свеж и го извезувавме во странство, “, кажа Билјана Божиноска, менаџер
Од Министерството за земјоделство најавија дека планираат да се воведат и субвенции за подигнување на нов насад со костени и негово одржување.
„ Да се донесат странски инвеститори кои ќе сакаат да подигнат насади со костени или ќе отворат фабрики за преработка на костен“, рече Љупчо Димоски, Министер за земјоделство
Од министерството најавија дека од в година ќе се ангажираат и трибини за едукација на населението како да постигнат повеќе квалитет и квантитет на костенот.
Со се поголемиот развој на производството на костесните во Брод освен економскиот бенефит, ќе се стопира и големата миграција во овој крај.
