УКРАИНА

Зеленски го повика Западот да забрани влез на Руси на една година

09.08.2022 09:25

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија во регионите Херсон и Запорожје, заедно со веќе закажаните регионални избори...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија.

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија во регионите Херсон и Запорожје, заедно со веќе закажаните регионални избори. Според Кремљ, засега не постојат услови за средба Путин-Зеленски.

Во меѓувреме, продолжуваат битките во источна Украина. Киев бара помош од ММФ. САД праќаат нов пакет воена помош вреден милијарда долари.