САД
ФБИ изврши претрес во куќата на Трамп на Флорида
09.08.2022 09:39
Властите се сомневаат дека Трамп таму чувал официјални документи коишто требал да ги предаде во архивата по заминувањето од функцијата.

Поранешниот претседател на САД, Трамп објави декапоголем број агенти извршиле претрес во неговиот дом на Флорида при што бил обиен сеф. Според него, акцијата била спроведена со цел да го спречат неговото повторно кандидирање за претседател.
Властите се сомневаат дека Трамп таму чувал официјални документи коишто требал да ги предаде во архивата по заминувањето од функцијата.
Одредени извори тврдат дека за време на рацијата во резиденцијата Мар-а-лаго, Трамп бил во Њујорк.
Против него се водат истраги поврзани со упадот во Капитол хил на 6 јануари 2021 година.
