КОВИД-19

Бионтек и Фајзер во октомври ќе испорачаат вакцина за Омикрон

09.08.2022 09:45

Производството на овие дози коишто се наменети за борба против подвидовите на овој сој е во соработка со американскиот партнер „Фајзер“.

Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ планира во октомври да испорача вакцини приспособени за варијантата омикрон.

Производството на овие дози коишто се наменети за борба против подвидовите на овој сој е во соработка со американскиот партнер „Фајзер“.

Во вториот квартал годинава „Бионтек“ оствари приход од 3,2 милијарди евра, што е за 40% помалку во споредба со истиот период лани.