ЈАПОНИЈА

Нагасаки ја одбележува 77- годишнина од атомската бомба

09.08.2022 09:57

Покрај државниот врв, на церемонијата присуствуваа и лица кои успеале да го преживеат најкатастрофалното бомбардирање во историјата на земјата.

Јапонскиот град Нагасаки ја одбележува 77-та годишнина од атомската бомба која беше фрлена во Втората светска војна. Покрај државниот врв, на церемонијата присуствуваа и лица кои успеале да го преживеат најкатастрофалното бомбардирање во историјата на земјата.

Упатија порака за свет без војна и нуклеарно оружје. На денешен ден во 1945 година, во 11 часот и 2 минути врз Нагасаки беше фрлена атомската бомба која усмрти 70 илјади луѓе.