Албанија се задолжува и во Светската банка
16.04.2014 11:13
Министерот за финансии Шкелќим Цани, потврди дека кон крајот на мај се очекува да биде постигнат договор...

Албанија се задолжува кај Светската банка по заемот од ММФ тежок 330, 9 милиони евра. Бара дополнителни 220 милиони евра.
Министерот за финансии Шкелќим Цани, потврди дека кон крајот на мај се очекува да биде постигнат договор со Светската банка за кредит кој ќе биде употребен за подобрување на енергетската ситуација во земјата.
Ги релаксиравме односите и зедовме заем од ММФ. Бидејќи сметаме дека ги исполнуваме сите предуслови се надеваме дека кон крајот на мај Бордот на Светската банка ќе донесе позитивна одлука за да ни даде кредит, изјави Цани.
Во тек се разговори и со Европската комисија за кредит во износ од 50 милиони евра.
