Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи, додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

09.08.2022 10:16

Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија- стои во соопштението.

На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од страна на Бугарија кон Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден, новиот прв човек за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави нов документ за исполнување на задачи за Република Македонија.

Не беше доволно предавството кое го направија со прифаќањето на Протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи кои треба да ги исполни државата.

Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија- стои во соопштението.

Нема крај на предавствата и продажбата на македонскиот идентит, историја, јазик и култура на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, велат од партијата.