Македонија

Славеничкото пукање може да биде фатално

09.08.2022 12:48

Свадби и веселби со опасни обичаи. Летаат залутани куршуми, од славеничкото пукање повредени граѓани, материјални штети. Казните се незначителни, државата да интервенира-апелираат експертите. Од МВР велат, за фатални завршетоци, од прослава во затвор…

Да се земе невеста и да се испука во воздух само еден куршум е стар обичај на овие простори, за да слушне околината дека во тоа семејство се прославува. Но, сега вели, нашиот соговорник среде град изгледа како да сте среде фронт. Социологот Илија Ацевски за МТВ посочува дека бил сведок на ваква ситуација, која воопшто не е пријатна, а најмалку безбедна.

Казните за пукање од 200 до 500 евра се незначителни-предупредува социологот Ацевски, а државата мора да најде начин освен да ги зголеми и морално да бидат осудувани овие појави.

Од МВР покрај санкциите превенираат и со кампањата „Слави со срце, не со оружје“, зашто славеничкото пукање може да биде фатално и да заврши дури и со смртни случаи, а казната да биде затворска.

Ваквите пукања го преплавија билтенот на МВР последниов месец. За само еден ден од залутани куршуми во Скопје, биле пријавени три случаи за направена штета. Во евиденцијата на МВР е забележано дека биле повредени две лица и била направена штета на неколку возила и на објекти.

Фиљана Кока