Спречен обид за шверц на половина килограм златен накит и дукати
Млад брачен пар кој со автомобил патувал од Македонија кон Швајцарија, се обиделе да го прошверцуваат . При контрола, на цариникот му посочиле дека нема што да пријават. По претрес на автомобилот, тешкиот пакет пелени, отворил сомнеж дека нешто се крие во него.

На македонско- српската граница спречен обид за шверц на половина килограм златен накит и дукати. Накитот бил скриен во детски пелени. Неговата вредност се проценува на повеќе од 2,2 милиони денари или над 18 илјади евра.
Млад брачен пар кој со автомобил патувал од Македонија кон Швајцарија, се обиделе да го прошверцуваат . При контрола, на цариникот му посочиле дека нема што да пријават. По претрес на автомобилот, тешкиот пакет пелени, отворил сомнеж дека нешто се крие во него.
По отворањето на пакетот бил пронајден златниот накит. Со судската одлука, покрај златото, било одземено и возилото.
