Најавата за даночни реформи ја разбранува јавноста
Проектирано е државната каса да се набилда со дополнителни 54 милиони евра без придонесите од ДДВ-пресметале креаторите во фискалната политика...

Јавноста се бранува со концептот на најавени даночни реформи. Проектирано е државната каса да се набилда со дополнителни 54 милиони евра без придонесите од ДДВ-пресметале креаторите во фискалната политика.
Планираат од први јануари да го укинат даночното ослободување по основ на реинвестираната добивка што беше стимул за компаниите. Нови давачки ќе има за договорите на дело, работодавците ќе треба да плаќаат здравствено и пензиско осигурување на хонорарците.
Во буџетот ќе се слеваат пари од оданочување на каматите на штедните влогови на граѓаните и фирмите.
Бизнисот предупреди- прво интензивирајте ја борбата со сивата економија, па менувајте ја даночната политика во инклузивен процес.
