Тиквешкиот маџун влегува во светскиот каталог на вкусови
16.04.2014 11:21
Предлогот доаѓа од кавадаречките поборници за здрава домашна храна „Слоу фуд“...

Тиквешкиот маџун, „станушината“ како автохтона тиквешка сорта грозје и рачелите од тиква, ќе влезат во светски светската арка на вкусови на интернет каталог.
Предложени се и 15-тина други македонски производи карактеристични за одренени региони. Предлогот доаѓа од кавадаречките поборници за здрава домашна храна „Слоу фуд“.
Во над 1.600 номинирани производи за светкиот каталог спаѓаат и планинскиот чај од Галичица, колешинските кикиритки, медот од македонската пчела, мариовското биено сирење, кашкавалот од Бистра, неготинската наутлија, струмичкиот сусам, струмичкиот собра-грав, циронките од Стење, мариовската буша, беровскиот оцет од киселици.
