Арсовска: Договорите на вработените во „Комунална хигиена“ се прекинати бидејќи не се појавувале на работа и не ги извршувале работните обврски
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа, а конкретно за 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“, кажа дека станува збор за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место...

Ако некому не му е продолжен договорот значи дека раководството не е задоволно од неговата работа, став на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за прекинувањето на договорите за работа на 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“.
Арсовска вели дека лицата не ги извршувале своите работни обврски и дека најголемиот дел од нив не се појавувале на работното место. Заканите по живот кои Арсовска ги добила поради овој случај, вели не смеат да се дозволат во ниту едно општество.
Во врска со новиот Луна Парк, Аровска вели дека нема да има ништо повеќе од она што е предвидено. Ги отфрла информациите дека таму ќе се сечат дрва и ќе се градат згради.
Новите генерации заслужуваат модерен Луна Парк, вели Арсовска, додавајќи дека проектот е во завршна фаза.
Марија Котовска
