МРТ

Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?

09.08.2022 14:18

Изминативе седмици здравствените институции во земјава регистираат пораст на бројот на деца позитивни на коронавирусот. Од 50 до 80 деца дневно се прегледуваат во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле...

Стапи на сила планот на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас. Истиот е усвоен за да се заштеди гориво за зимата поради неизвесноста со руските испораки.

Изминативе седмици здравствените институции во земјава регистираат пораст на бројот на деца позитивни на коронавирусот. Од 50 до 80 деца дневно се прегледуваат во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле – Скопје. Каква е моменталната состојба со ковид позитивните пациенти на Институтот, каква клиничка слика пројавуваат децата и дали е зголемен бројот на хоспитализации. Одговор на овие прашања бараме од д-р Драги Дацевски од детска болница „Козле“.

Здружение Еко-логик Скопје во рамки на проектот вело училишта реализира активности за поставување едукативна вело патека со цел подигнување на свеста и едукација на учениците за безбедно користење на велосипедот како превозно средство. Никола Нешкоски, гостин во студиото на „Македонија наутро“.

„Дај промрдај!“ е насловен викенд настанот кој нуди дводневна програмата исполнета со забавни активности од областа на танцот, бразилските и кинеските боречки вештини. Деталите за настанот ни ги пренесува Јована Зајкова.

„Македонија наутро“ почнува во 06:45.