679 нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379.

Во последните 24 часа направени се 1.537 тестови, а регистрирани се нови 679 случаи на КОВИД-19: Скопје – 273, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30, Тетово – 28, Прилеп – 24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10, Кичево, Ресен, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево – по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (679), регистрирани се 130 реинфекции. Регистрирани сe 291 оздравен пациент.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавено пријавено едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379.
Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на КОВИД-19.
