Македонија

Се проширува истрагата против Мухамед Зекири

09.08.2022 17:50

Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири. Станува збор нова истрага за друг кривично-правен настан...

Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.

Станува збор нова истрага за друг кривично-правен настан. Имено, Владата, преку генералниот секретар Мухамед Зекири, склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Железници.

Обвинителството го сомничи дека и овој договор бил склучен без тендер.

Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба уште од април кога Обвинителстовто за организиран криминал отвори истрага за Зекири и уште двајца хрватски државјани, исто така за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка.