Дваесет и една година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
Животите ги загубија осум припадници на резервниот армиски состав- Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Одбележување на 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. На 10-ти август 2001-ва година на патот кај месноста Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини.
Животите ги загубија осум припадници на резервниот армиски состав- Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
Цвеќе ќе биде положено на спомен- чешма на Томислав Настевски-Бумбар, на споменикот на бранителите во Волково, каде ќе биде и централната манифестација, и на споменикот на бранителите во реонскиот парк.
