Украина

Жестоки борби на фронтот во Донецк, Русија со серија напади за да ја прошири контролата

10.08.2022 09:23

Русија побара состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за, како што велат, неодамнешните украински напади врз Нуклеарната централа во Запорожје и катастрофалните последици што тие би можеле да ги предизвикаат. Претседателот Зеленски истакна дека војната нема да заврши сѐ додека не биде вратен Крим...

Жестоки борби се водат на фронтот во источниот регион Донецк во Украина, додека руските трупи почнале серија напади во обид да ја прошират својата контрола врз Донбас, сооптшува Киев. Додаваат дека украинските војници даваат жесток отпор и во голема мера ја држат линијата.

Во меѓувреме, Русија побара состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за, како што велат, неодамнешните украински напади врз Нуклеарната централа во Запорожје и катастрофалните последици што тие би можеле да ги предизвикаат, соопштува извор од руската мисија во ОН.

Претседателот Зеленски истакна дека војната нема да заврши сѐ додека не биде вратен Крим.

„Присуството на руските окупатори на Крим е закана за цела Европа и глобалната стабилност. Црноморскиот регион не може да биде безбеден додека Крим е окупиран. Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземно Море, сѐ додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Неговиот советник Подољак тврди дека Киев не е одговорен за експлозии во руската воздухопловна база на Крим.