Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула
Освен овој активен пожар во Охридско, 26 се изгаснати, соопшти утрово ЦУК за состојбата со пожарите во земјава во изминатите 24 часа.

Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.
Освен овој активен пожар во Охридско, 26 се изгаснати, соопшти утрово ЦУК за состојбата со пожарите во земјава во изминатите 24 часа.
Регионалниот центар за управување со кризи, пак, информираше дека заштитен појас, багремова шума и сува трева горела, а се запалил и кров на станбена зграда, со што вкупно шест пожари имало изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово.
