Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО
Бајден рече дека очекуваниот влез на двете нордиски земји во Алијансата откако ќе ја добијат поддршката од сите 30 членки ќе биде „момент на пресврт“ за НАТО и „за поголема безбедност и стабилност не само на Европа и САД, туку и на светот“.
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи за ратификација со кои се одобруваат кандидатурите на Финска и на Шведска за влез во НАТО.
Бајден рече дека очекуваниот влез на двете нордиски земји во Алијансата откако ќе ја добијат поддршката од сите 30 членки ќе биде „момент на пресврт“ за НАТО и „за поголема безбедност и стабилност не само на Европа и САД, туку и на светот“.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Тие ги завршија пристапните разговори со Алијансата во минатиот месец.
