Како да бидат свежи продуктите подолго време
Ако не сте сигурно дека јајцата не ви се свежи, тогаш ставете ги во сад со вода: свежите јајца ќе потонат, а оние кои не се ќе останат на површината.
Не фрлајте го шампањското кое изветреало. Може да го освежите така што ќе додадете едно или две зрна суво грозје.
Ако во фиоката во фрижидерот чувате овошје и зеленчук, тогаш на дното ставете хартиени салфети кои ќе го собираат вишокот влага и ќе спречат предвремено гниење.
Ставете по еден дафинов лист во садовите каде што ги чувате брашното, тестенините, оризот и никогаш нема да имате проблеми со штетниците.

Ќе спречите сирењето да се исуши така што страната од каде што го сечете ќе ја премачкате со маргарин или путер.
Ако ротквиците или морковите ја загубат крцкавоста, едноставно потопете ги во сад со ледена вода и со едно парче свеж домат.
Ако медот се зашеќери или ќе стане матен, не фрлајте го. Загрејте го во микробранова печка на 30-ина секунди или потопете го во сад со топла вода.
Вишокот сварени тестенини што ви останал не фрлајте го. Ставете го во пластична кеса и оставете го во фрижидер. Кога повторно ќе ви затребаат, само потопете ги во врела вода и оставете ги да отстојат неколку секунди. Така тестенините повторно ќе ги добијат свежиот изглед и вкус.
Сирењето може да го замрзнете. Особено ако се работи за масно сирење. Се што е потребно е да го извадите еден ден порано пред повторно да го употребите.
За да спречите печурките да омекнат, тогаш завиткајте ги во хартиена салфета пред да ги ставите во фрижидер.
Чувајте го кафениот шеќер во фрижидер за да спречите да добие грутчиња. Ако тоа веќе ви се случило, ставете го во пластична кеса заедно со едно парче свеж леб или со парче јаболко и загрејте го во микробранова печка на 30ина секунди.
Путерот задолжително чувајте го во херметички затворен сад за да не поприми мириси од другите продукти кои се наоѓаат во фрижидерот.
Избегнувајте бананите да ги одделите од гроздот зашто така побрзо се расипуваат.