Образование

Започна августовскиот испитен рок од државната матура

10.08.2022 12:24

З0-тина средношколци од југоистокот денес на августовска испитна сесија за матура. Матурантите во учебната 2021/ 2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок…

Средношколците кои не ја поминаа јунската испитна сесија за интерна и екстерна државна матура денес, но и на 12-ти август полагаат. Од југоисточниот регион од земјава околу 30-тина матуранти ќе седнат на државен испит. Поголемиот дел од нив се за екстерна матура. Единствено во струмичката гимназија сите ученици циклусот го поминале во јуни. Па така денес нема матурско полагање.

Во СОУ „Никола Карев“ денес на државна матура седнуваат шест средношколци, а од управата во училиштето велат дека на генерално ниво се задоволни од успехот на учениците во првата испитна сесија.

Покрај струмичките гимназијалци кои сите успешно поминале уште во јуни, до нив се и гевгелиските, и таму нема средношколци кои полагаат денес. За разлика од нив во радовишката гимназија денес полагаат 12 средношколци. Додека пак во СОУ „Димитар Влахов“ во августовската испитна сесија ќе се јават пет ученика, од кои двајца од претходната година, еден вонреден и еден ученик кој воопшто не се појавил.

Стојне Митева