Свет

Кина: Нулта толеранција за „сепаратистички активности“ на Тајван

10.08.2022 12:28

Кинеската канцеларија за работи на Тајван објави бела книга, во која се наведени намерите да го интегрира островот преку серија економски иницијативи и воен притисок.

Кина најави нулта толеранција за „сепаратистички активности“ на Тајван. Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по воените вежби во близина на островот што се одржаа по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Кинеската канцеларија за работи на Тајван објави бела книга, во која се наведени намерите да го интегрира островот преку серија економски иницијативи и воен притисок.

„Подготвени сме да создадеме широк простор за мирно обединување, нема да оставиме место за сепаратистички активности во каква било форма“, се наведува во документот.