Ковид-19 се шири меѓу децата
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, за една недела, 185 деца до 9 години се инфицирале од Ковид-19. Доктор Андоновски апелира, мора прво ние да водиме сметка и да се штитиме, на тој начин ќе ги заштитиме и децата…

Иако во извештаите има благо намалување на новоинфицирани со коронавирусот, тоа не се чувствува во амбулантите на матичните. Напливот на деца кај педијатрите не стивнува, велат лекарите.
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, за една недела до 9 години се инфицирале 185 деца, а од 10 до 19, 169, што е најмал број на новорегистрирани. Доктор Андоновски апелира, мора прво ние да водиме сметка и да се штитиме од Ковид-19, на тој начин ќе ги заштитиме до некаде и децата.
Фреквенцијата на децата во амбулантите во детската болница „Козле“ не стивнува, по 80 прегледи има во тек на 24 часа. Во моментот поради коронавирус едно дете е на кислородна поддршка. 70 проценти од хоспитализираните се на возраст до три години. Болничкото лекување најчесто трае до седум дена.
Наташа Јанчиќ Менковски
