Кина- Тајван: „Бела книга“ за обединување, употребата на сила не е исклучена
Пекинг најави нулта толеранција за „сепаратистичките активности“ во Тајван. Објавена е Бела книга, во која се наведува намерата за интеграција на островот преку серија економски иницијативи и воен притисок. Не е исклучена употреба на сила, но тоа би било последното средство за спроведување на агендата...

Кина објави Бела книга насловена како „Тајванското прашање и повторно обединување во нова ера“. Со документот, официјален Пекинг повтори дека островот се смета за територијален дел на Кина. Во него се демонстрира решителноста и посветеноста на Комунистичката партијаи на кинескиот народ кон националното единство, но и се нагласува ставот и политиката на КПК и владата за нова ера. Како најдобар пристап за решавање на тајванското прашање се наведува принципот „една земја, два система“. Употрeбата на сила не е исклучена, но се смета за последно средство. Тајван се оддели од континенталниот дел во Граѓанската војна во 1949 година. Островот со 23 милиони жители се спротивставува со политичко единство со Кина, но инсистира да ги одржи економските врски.
Најновата криза во Индопацификот беше предизвикана од одлука на САД. Поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом Пелоси, Кина ги одржа најголемите воени вежби околу Тајван, вклучувајќи и истрелување на балистички проектили. Австралија, САД и Јапонија го осудија потегот.
„Се надевам дека Австралија ќе заземе сериозен став за односите со Кина. Дека ќе го сфати сериозно принципот на „Една Кина“, дека ќе биде претпазлива со прашањето за Тајван.Народот на Тајван е под регионален режим со децении. За нас е логично што нивната перспектива за Кина, за татковината е поинаква. Тоа е факт. Но клучната точка сега не е ни за едукација ни за реедукација. 1,4 милијарди Кинези, вклучувајќи ги 80-те милиони жители на Тајван, се Кинези“, изјави Жао Квијан, амбасадор на Кина во Австралија.
Иако војската ги заврши воени маневри околу островот, продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец. Кина најави дека ќе спроведува редовни патроли и воена обука за постигнување борбена готовност.
Маја С. Филдишев
