МВР

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

10.08.2022 18:26

Денеска во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово-Скопје, за доиздржување на затворска казна...

Денеска во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово-Скопје, за доиздржување на затворска казна.

Тој бил осуден по чл. 236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11 месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.