Партии

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

11.08.2022 09:10

СДСМ со одговорен, државнички пристап за само пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата, поставени при осамостојувањето пред повеќе од 30 години, соопштуваат од владејачката партија.

Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус ги започнавме и преговорите за членство во Европската унија и тоа со заштитен македонски идентитет и чиста формулација за македонскиот јазик. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, нема асимилација, ни бугаризација.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже и го плаши народот, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ- стои во соопштението.