Свет

Норвешка најави можно ограничување на извозот на електрична енергија

11.08.2022 09:47

Со овој потег ќе ги погоди Велика Британија, Германија и Холандија, кои се потпираат на евтината норвешка електрична енергија од хидроцентралите.

Норвешка, еден од најголемите извозници на електрична енергија во Европа најавува ограничување на извозот на струја поради енергетската криза и ниското ниво на водни ресурси на југот од земјата.

Со овој потег ќе ги погоди Велика Британија, Германија и Холандија, кои се потпираат на евтината норвешка електрична енергија од хидроцентралите.

Берлин веќе реши да ја штеди струјата и од оваа недела, осветлувањето на јавните објекти, вклучително и познатата туристичка атракција – катедралата во Келн, ќе биде исклучено во 23 часот.

Во меѓувреме, невидената суша во Европа го вклучи алармот и за штедење на водата.