Свет

Зеленски: Колку помоќно оружје, толку побрз крај

11.08.2022 10:08

Ставот е во пресрет на состанокот на Советот за безбедност на ООН во Њујорк, во чиј фокус ќе биде нуклеарната централа во Запорожје.

Претседателот Зеленски повика на отпор во окупираните територии и побара дополнително оружје за Киев, верува оти должината на конфликтот во неговата земја ќе зависи од износот на дополнителната поддршка што ќе ја добие од другите нации.

Ставот е во пресрет на состанокот на Советот за безбедност на ООН во Њујорк, во чиј фокус ќе биде нуклеарната централа во Запорожје.

„Колку што е помоќно нашето оружје и колку е поголем опсегот на нивната употреба, толку побрзо ќе заврши оваа сурова војна“, нагласува Зеленски.

Во меѓувреме, се појавија сателитски снимки кои покажуваат огромно уништување во руската воздухопловна база на Крим. Уништени се најмалку седум, а оштетени сè уште два руски авиони.

Украинското министерство не може да ја утврди точната причина за експлозијата за која Москва тврди дека не е причинета од украинската војска, туку е од муниција на нејзината авијација.