Северна Кореја

Ким Јонг Ун прогласи победа против Ковид-19

11.08.2022 10:22

Укинати се сите вонредни мерки, но земјата и натаму останува будна и ќе ги следи пограничните области- пренесува државната агенција.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот- три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице.

Укинати се сите вонредни мерки, но земјата и натаму останува будна и ќе ги следи пограничните области- пренесува државната агенција.

Во меѓувреме сестрата на Ким, Ким Јо-Чан, потврди дека и самиот севернокорејски лидер имал симптоми на треска, обвинувајќи го Сеул за избувнувањето на пандемијата.

Сѐ уште не е јасно колку точно инфекции на Ковид-19 биле регистрирани во меѓународно изолираната земја.