Македонија

Повредени 35 мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија- Демир Капија

11.08.2022 11:11

Еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди. Повредените биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Возачот побегнал.

Еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди. Повредените биле пренесени во гевгелиската и струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамашно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија, бидејќи некои имале патни исправи, а некои немале.