Свет

САД: Не ѝ дозволуваме на Кина нова нормала на Тајван

11.08.2022 12:19

Американската претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека САД не можат да дозволат Кина да го нормализира новото ниво на притисок врз Тајван што го потврди со неколкудневните воени вежби по нејзината посета на островот...

Американската претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека САД не можат да дозволат Кина да го нормализира новото ниво на притисок врз Тајван што го потврди со неколкудневните воени вежби по нејзината посета на островот.

Изјавата следува по соопштението на кинеската армија дека ги исполнила предвидените „различни задачи“ околу Тајван, но оти ќе продолжат со секојдневни патроли и ќе го штити националниот суверенитет и територијален интегритет на земјата.

Големите воени маневри беа почнати како одговор на посетата на Пелоси на Тајван.