Македонија
Владата ја замрзнува маржата на огревното дрво и пелети
11.08.2022 12:33
Транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Владата донесе одлука да ја замрзне маржата за огревно дрво и пелети. Прифатен е предлогот на Министерството за економија, па сега, највисоката трговска маржа за овие производи се утврдува во висина најмногу до 10 проценти.
Транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.
Од Владата објаснуваат дека причината за ограничување на трговската маржа е со цел усогласување на разликите во цените кои сега се присутни при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.
