Влада

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

11.08.2022 13:24

Владата на денешната седница даде согласност за договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Германија која во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места. Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил...

Во земјава ќе се произведуваат електричните возила e-go. Владата на денешната седница даде согласност за договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Германија која во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места.

Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили.

Придобивките од оваа инвестиција, велат од владата, се многукратни - од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании.