Трамп: Против мене се води „лов на вештерки“
Покрај истрагата на њујоршкиот обвинител, којашто е граѓанска постапка, против Трамп е отворена и уште една истрага од канцеларијата на обвинителот за Менхетн, што може да резултира со кривична пријава. Правните експерти сметаат дека Трамп одбива да сведочи бидејќи одговорите би можеле да бидат искористени против него во втората кривична истрага.
Поранешниот американски претседател Трамп одби да даде одговор на прашањата во рамките на цивилната истрага на државата Њујорк за затајување данок. Се повика на петтиот амандман од американскиот Устав, кој ги заштитува луѓето од принуда да сведочат против себе во криминален случај. Во писмено соопштение, Трамп ги отфрли обвинувањата поврзани со давање на погрешни информации за вредноста на недвижнини и голф-терени за да се влијае врз данокот. Според него, повторно се спроведува политички мотивиран „лов на вештерки“.
Покрај истрагата на њујоршкиот обвинител, којашто е граѓанска постапка, против Трамп е отворена и уште една истрага од канцеларијата на обвинителот за Менхетн, што може да резултира со кривична пријава. Правните експерти сметаат дека Трамп одбива да сведочи бидејќи одговорите би можеле да бидат искористени против него во втората кривична истрага.
Повикот за сослушување доаѓа неколку дена откако Федералното истражно биро изврши претрес во неговиот имот на Флорида, како дел од посебна истрага поради злоупотреба на доверлив материјал.
„Хилари Клинтон имаше слична ситуација. Таа призна за приватниот сервер дома. Има и други примери, но нејзиниот е највпечатлив, кога се бореше против Трамп. Зошто тоа не беше истражено? Зошто ФБИ не влегоа и не и го запленија лаптопот, и зошто не отидоа со пиштоли навечер и не покажаа сила? Човек може да претпостави дека постојат двојни стандарди“, изјави Ренди Вебер, републикански сенатор.
Поддржувачите на Трамп ја заострија реториката кон Бирото, а на интернет веќе се шират закани против агентите и Министерството за правда. Законот се однесува на сите, возврати директорот на федералните агенти.
„Насилство против спроведување на законот не е решение, независно од тоа кој или за што е вознемирен. Во последните години во земјава имавме алармантно зголемување на насилството против спроведувањето на законот“, вели Кристофер Реј, директор на ФБИ.
Трамп најави кандидатура за Белата куќа во 2024-та година. Едно од клучните прашања е дали рацијата на ФБИ ќе има влијание врз процесот. Доколку се докаже дека зел и прикрил доверливи документи од Белата Куќа по завршувањето на мандатот, би можел да добие забрана за вршење на јавна функција на американска територија.
Маја С. Филдишев
