600 нови случаи со Ковид-19, починати 10 лица
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089.

Во последните 24 часа направени се 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на КОВИД-19 во Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Гостивар – 19, Штип – 17, Радовиш – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар – по 5, Богданци и Кратово – по 4, Ресен, Крушево и Пехчево – по 3, Кичево, Виница и Пробиштип – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции. Регистрирани сe 743 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по 2 починати лица од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по едно починато лице од Ресен (72г) и Радовиш (72г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 - 08.08.2022 година.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089.
Досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на КОВИД-19.
