Априлскиот снег направи хаос

16.04.2014 13:07

Иако снегот на превоите Стража и Бунец почна да паѓа уште синоќа, првите возила на Македонија пат за чистење снег се појавија претпладнето околу 10 часот и 30 минути...

Априлскиот снег предизвика незабележан хаос на западната магистрала односно на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Гостивар-Маврови Анови-Дебар, пред се поради затворањето на зимската служба на Македонија пат на први април.

Иако снегот на превоите Стража и Бунец почна да паѓа уште синоќа, првите возила на Македонија пат за чистење снег се појавија претпладнето околу 10 часот и 30 минути.

Сообраќајот за тешки товарни возила е забранет на овие патни правци. Меѓутоа и другите возила имаа проблеми со нерасчистениот снег и со гранки и стебла кои поради влажниот и тежок снег на одредени локации го попречува сообраќајот.

Екипи на Македонија пат од Гостивар ги расчистуваа дрвата од коловозот.

Се очекува сообраќајот да се нормализира во попладневните часови.

 

Емил Јовановски