МВР

146 санкционирани возачи на мотоцикли

11.08.2022 16:35

Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 146 возачи...

Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 146 возачи.

Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштуваат од МВР..