Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на криза ДУИ и СДСМ ќе потрошат 70 илјади евра за партиска прослава, а Тетово нема вода за пиење

12.08.2022 09:50

Во 21 век има населени место во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово кои газат во кал заради неасфалтирани улици или немаат чиста вода за пиење, ама тоа криминалците од власта не ги интересира. Нив ги интересира добра прослава со познати музички ѕвезди, како и добар кетеринг.

Власта на СДСМ и ДУИ е изгубена во просторот и одлепена од реалноста. За еднодневна прослава по повод Рамковниот договор ќе потроши над 70 илјади евра само за журка и пејачи, во време кога државата е во криза и кога во Тетово граѓаните немаат основни услови за живот, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат- додека тетовчани се без вода, десетици села во тетовско, гостиварско се без канализација, а арачиновци сѐ уште сонуваат за канализацијата која им беше ветена уште пред повеќе од 6 години. Ковачевски, Груби и останатите министри од најнеспобната влада ќе потрошат илјадници евра пари на граѓаните за забава.

Во 21 век има населени место во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово кои газат во кал заради неасфалтирани улици или немаат чиста вода за пиење, ама тоа криминалците од власта не ги интересира. Нив ги интересира добра прослава со познати музички ѕвезди, како и добар кетеринг.

Нема пари за проекти и капитални инвестиции ама за тоа има пари за приватна забава на Ковачевски и Груби- стои во соопшетнието.