,,Во виното е оставката“!

16.04.2014 13:12

Премиерот на Нов Јужен Велс падна поради шише старо вино

Поради непријавен подарок-шише вино од 1959 година вредно 2800 долари, премиерот на Нов Јужен Велс Бери О’Фарел поднесе оставка. О’Фарел се решил на таков чекор откако е откриено дека не ја кажал вистината- пронајдена е порака во која се заблагодарува за виното пенфолд гренџ на бизнисменот Ник ди Ќирилом, што го примил како честитка за победата на изборите во 2011 година. О’Фарел пред Комисијата за корупција  во вторникот рекол дека не се сеќава кога и како го примил подарокот. За себе вели дека не е поклоник на виното, но дека требало да го пријави вредниот подарок во јавниот регистар кој постои за да се спречи ,,купување на политичарите“.

О’Фарел тврдел дека не овозможил никаква корист за компанијата на Ди Ќирилом, но Комисијата имала информации дека токму тој бизнисмен собирал средства за Либералната партија на О’Фарел и имал намера со неговата влада да разиве приватно-јавно партнерство во вредност од една милијарда австралиски долари. Владата го одбила предлогот.

Соња Стојановска