Европа

Шпанија: Рекордно високи температури предизвикаа суша и пожари

12.08.2022 09:55

Жештините предизвикаа и суша која уништи големи земјоделски површини.

Шумски пожари беснеат во делови од Шпанија. Во јули беа регистрирани рекордно високи температури во последните шест децении.

Жештините предизвикаа и суша која уништи големи земјоделски површини.

Европа се соочува со топлотен бран кој е сериозна закана за екосистемот, кој и онака е во опасност од климатските промени и загадувањето.