САД

„Вашингтон пост“: ФБИ кај Трамп барале документи за нуклеарно оружје

12.08.2022 10:04

Засега е непознато дали во Палм Бич се пронајдени такви материјали. Но, според одредени извори, агентите изнеле десет кутии од викендицата.

„Вашингтон пост“ објави дека агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје во резиденцијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида.

Засега е непознато дали во Палм Бич се пронајдени такви материјали. Но, според одредени извори, агентите изнеле десет кутии од викендицата.

Претресот е извршен со цел да се утврди дали Трамп чувал доверливи документи кои требал да ги врати по напуштањето на претседателската функција. Министерството за правда побара од Судот на Флорида да го објави налогот за претрес за да јавноста биде запознаена со процесот.

Доколку биде одобрено, ќе бидат познати причините за претресот, кои засега се чуваат во тајност.

Трамп не се спротивстави, но нагласи дека целата операција се сведува на политичка одмазда.